Дваесет и седумгодишна родилка од Куманово е позитивна на корона вирус, од Гинекологија ќе биде префрлена на Инфективна клиника

by Fokus 21:20
21:20

Дваесет и седумгодишна пациентка од Куманово, која вчера се породила на скопската Клиника за Гинекологија е позитивна на корона вирусот, потврди за „Фокус“, директорката Викторија Јовановска.

„Пациентката е синоќа предвреме породена во осми месец и сега чекаме да биде префрлена на Клиника за инфективни болести. Таа само поткашлуваше. Бебето е на интензивна нега и е стабилно. Има уште една пациентка од Охрид, но таа се уште е во сала и нема клиничка слика на Ковид 19. Таа е донесена со мртво бебе – тврди Јовановска.

- Advertisements -

Според неа, за пациентката од Куманово се запазени сите протоколи и е спроведена  преку посебен влез, односно изолирана е од другите пациентки. Приземјето е направено како карантинско одделение со посебен персонал, каде се носат сомнителните случаи на корона вирус.

Јовановска додава дека втората пациентка од Охрид се уште нема никаква потврда дека е носител на опасниот вирус.

Куманово во последните неколку денови стана главно жариште на Ковид 19. Според статистичките податоци само во едно деноноќие има 23, а вкупната бројка достигна 47 заразени пациенти.

Ирена Мулачка

Поврзани новости