480
Дац и Александар конечно ја исполнуваат големата желба на фановите која потекнува уште од времето на пандемијата, односно да направат една голема забава на која што може да дојдат сите.
Повод е роденденот кој го слави музичкото дуо, четврта година по ред.
Забавата е насловена како „Со љубов за Скопје“ – подарок од Дац и Александар и Градскиот Трговски Центар Скопје – за сите вас!
Дружбата е најавена за 29 септември, петок вечер од 20:30, а ќе биде проследена од убава евегрин вечер и дружење со хитовите на сите генерации. Г.Т.Ц. Скопје како добар домаќин овозможи прекрасната зелена градина на покривот на ГТЦ, слободен влез за сите и сите потребни услови за убаво музичко дружење со музичкото дуо.