Грујовски и Бошковски неофицијално во бегство, не се пронајдени на повеќе локации, а телефоните ги „заборавиле“ дома

by fokus

„Ни Грујевски ни Бошковски не беа дома. Нивните сопруги изјавија дека не знаат каде се“, велат извори од полицијата за Дојче Веле.

Двајцата биле барани во своите домови и на уште шест-седум локации, каде според оперативни сознанија на МВР би можеле да престојуваат, но ниту таму не биле најдени. Бошковски и Грујовски легално не можат да ја напуштат земјата и вчера не биле евидентирани на граничните премини. Засега нема сознанија дали илегално заминале од земјата или нашле засолниште во неа.

Нивното лоцирање според сигналот на мобилните телефони е невозможно, бидејќи и двајцата своите телефонски апарати ги „заборавиле“ дома, каде биле евидентирани од страна на полицијата.

Полицијата синоќа го доби решението од Врховен суд за нивен притвор од 30 дена. Горан Грујовски е поранешен началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање и е обвинет во предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“. Никола Бошковски беше вработен во УБК и тој е обвинет во истите предмети.

Предметите „Таргет“ и „Тврдина“ се однесуваат на незаконското следење на комуникациите на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од опремата со која било сторено кривичното дело.

Поврзани новости