Грујевски и Бошковски се бранеле од екстрадиција со закана по нивните животи во Македонија

by fokus

Судот во Солун вчера го ислушал исказот на адвокатот Петар Василев, кој ги застапува екс началниците во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, за кои треба да се одлучи дали ќе бидат екстрадирани по барање на македонската Влада. Василев пред солунскиот суд тврдел дека делата за кои се обвиниети двајцата поранешни разузнавачи се спротивни на многу закони во Македонија и Грција.

Според него, судот треба да ја одбие екстрадиција бидејќи стравува дека во Македонија ќе немаат фер судење и оти нивните животи ќе бидат под закана.

Одлуката за екстрадиција судот ќе ја соопшти идната среда, откако на рочиштето ќе ја сослуша и сопругата на Грујевски, предложена како сведок во негова одбрана.

Рочишето вчера беше затворено за јавност, по барање на еден од нивните адвокати.

 

Поврзани новости