Кочан втор пат неделава на судење

by fokus

Втор пат неделава ќе се одржи рочиште за предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, за тедерот на ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина во вредност од 17 милиони евра.

Иако закажано во 09.30 часот, судењето денеска почна со задоцнување. Во судот е присутен и првообвинетиот, Сеад Кочан, сопственик на телевизијата НОВА ТВ.

Според обвинението, Кочан, како поранешен сопственик на фирмата „Трансмет“, во соработка со две други фирми формирал конзорциум, кој преку лажна документација за механизација што не ја поседуваат, конкурирал и го добил тендерот на ЕЛЕМ за РЕК Битола.

Поврзани новости