Во изјава за телевизија Сител, премиерот Никола Груевски рече дека одлуката за предвремени избори во април била донесена врз основа на интересите на граѓаните за обезбедување на економски развој и реализација на проектите. Истакна и дека му е жал што неговата Влада не успеала да истера еден цел мандат за да можела да ги заврши сите проекти.
-Жалам што не успеавме и не ни беше овозможено да завршиме еден цел мандат. Свесни сме дека на граѓаните преку глава им се предвремените избори. Многу поважна е стабилноста и сигурноста на државата и на граѓаните, сигурноста на бизнисот. Не смееме да дозволиме тоа да запре, изјави премиерот за телевизија Сител.
Груевски рече дека бил сигурен во поддршката на граѓаните на политиката на економски развој. Исто така, посочи дека вчерашна одлука да прифатат предвремени избори покажала дека владејачката партија верува и цврсто е убедена во тоа дека граѓаните ќе ја одберат таа опција, а не опцијата на, како што рече Груевски, несигурност, деструктивност, ширење на омраза на штета на државата заради партиски и личен интерес.