Премиерот Груевски денска потврди дека до 15 јануари ќе биде избрана техничка влада која ќе ја раководи премиер предложен од ВМРО ДПМНЕ, како што предвидува договорот од Пржино. Тој денеска не соопшти кога ќе поднесе оставка, но го повтори ставот дека нема да се одложи формирање на нова влада.
„Согласно со договореното, на 15 јануари, ќе биде избрана нова влада со претседател на владата за спроведување избори. Претходно, секако ќе следува мојата оставка. Кој ќе биде кандидат за премиер за спроведување на изборите, ќе одлучи партијата. Откако ќе ја донесеме таа одлука јавно ќе соопштиме“, изјави Груевски.
Според договорот од Пржино, но и според Изборниот законик, не е предвиден точен термин кога актуелниот премиер треба да поднесе оставка, туку ова прашање е дефинирано со формулацијата „во соодветно време за да се овозможи новата влада да поднесе заклетва на 15 јануари 2015“. Односно 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори, кои ќе се одржат на 24 април 2016. Новата влада ќе ја предводи претседател предложен од ВМРО-ДПМНE.