Груевски загрижен за нарушувањата на изборниот процес

by fokus 19:48
19:48

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и Никола Попоски остварија средба со претседателот на американскиот национален демократски институт (НДИ), Кен Волак.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, за изборниот процес како и за стратешките приоритети на државата.

- Advertising -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски истакнал дека партијата е отворена за соработка во сите сфери и заеднички полиња кои се од интерес на Република Македонија и афирмирање на нејзините стратешки интереси.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ била изразена загриженост од сериозните нарушувања на изборниот процес, како што се физички пресметки, повреди на кандидати за градоначалници, монтирани кривични пријави, демолирање на партиски штабови, заплашувања и постојани притисоци. На ваквиот начин се покажувала нервоза и страв од изборен пораз, а институциите треба да се посветат кон расчистување на инцидентите и власта да обезбеди минимум услови за нормално одвивање на изборниот процес, било истакнато од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости