444
По неуспешните преговори кои траеја повеќе од 7 часа, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, изјави дека денеска сфатил дека невозможно е да дојде до договор меѓу лидерите на четирите најголеми политички партии.
-Државата е во многу лоша состојба, додаде комесарот за проширување на Европската унија, под чие покровителство се одржаа денешните преговори.
Тој најави дека уште еднаш ќе дојде во Македонија и рече дека се надева дека трите политички партии ќе се држат до Договорот од Пржино.