Обвинетиот во предметот „Тенк“ на СЈО, Никола Груевски, денеска изјави дека премиерот Зоран Заев, како што рече тој, се спогодил со судијката Добрила Кацарска која го води предметот за набавка на луксузниот мерцедес. Според Груевски, Кацарска треба да го осуди за виновен, а за возврат и е ветено дека ќе биде поставена за претседател на Апелациониот суд.
-Заев пред извесно време даде изјава која во секоја нормална земја би била скандалозна. Тој им порача на неговите симпатизери ќе се видело дека има правда дека наскоро доаѓа пресуда за „Тенк“, ќе се видело дека нема договор меѓу Заев и Груевски. Тој имплицинтно, меѓу редови ги потврди гласините кои претходно постоеле дека тој со судот веќе договорил каква да биде пресудата. Овие гласини стануваат се пореални, дека како што пишуваа порталите и медиумите во претходните месеци во кои се тврди за направен договор со главниот судија на процесот, госпоѓата Добрила Кацарска, тој да и овозможи да напредува во судија на Апелациониот суд и веднаш потоа во претседател, а дека за возврат ќе добие да биде ослободен и прогласен за невин во „Поткуп“. И уште една работа јас да бидам прогласен за виновен во овој случај – рече Груевски.