Меркел: Да го обезбедиме мирот на Западен Балкан, тој е многу кршлив

by fokus

Западниот Балкан останува надворешнополитички приоритет на Германија, порача германската канцеларка Ангела Меркел во говорот на конференцијата во Минстер, одржана во петокот под работен наслов „Германија и промените во светот – како да се справиме со конфликти и агресивни режими?“

-Сега, по завршувањето на Студената војна, мислевме дека дојде крај на времето на големи политички конфликти. Набрзо научивме друга лекција – врз основа на искуствата од војните во Западниот Балкан. И денес сѐ уште тоа е еден од нашите надворешнополитички приоритети – секако дека прво мора да се посветиме на своето опкружување. Потрошив многу време на тоа оваа недела – да го обезбедам мирот таму. Тој е многу кршлив. Без оглед дали гледате кон Косово, Србија, Босна и Херцеговина, дали гледате на спорот за името во Македонија, гранични конфликти тука и таму, дури и Словенија и Хрватска сѐ уште разговараат за своите граници. Мораме да го решиме сето тоа, за да не постои секогаш некоја тензија, која може во секој момент да пламне – рече Меркел, пренесува „Дојче веле“.

Поврзани новости