879
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва во интервју на ТВ Нова, за премиерот Зоран Заев рече дека бил како мува без глава, а новата влада функционирала без концепт.
-Нема проекти за подобрување на животот. Секој ден имаме само средби со амбасадори. Почнуваат со партизирање на администрацијата, се што ставија досега се партиски акдри, почнаа со кршење на законите. Именувањата и разрешувањата се направени на незаконски начин. Нема ништо сериозно со што може да се пофалат, да го видиме. Прават празни прес-конференции. Времето ќе покаже, времето е пред нас, рече Груевски.
Иако констатираше дека рокот за да се оцени работата на новата влада е прекус, сепак рече дека се забележувало дека нема реализација на ветувањата.