378
Премиерот Никола Груевски заедно со владината делегација во чиј состав е министерот за надворешни работи Никола Поповски, и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска ќе престојуваат во Ватикан по повод чествувањето на 24-ти мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј.
Планирано е да се одржи аудиенција кај неговата светост Папата Франциско, a како што е најавено, ќе се оствари и средба со државниот секретар на Ватикан кардиналот Пиетро Паролин.