Владата ќе потроши 468.000 евра за да ги научи граѓаните како да пијат лекови?!

by fokus 09:51
09:51

Генералниот секретаријат на Владата ќе потроши 468.000 евра за нова кампања, со која, има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за рационална употреба на лекови.

Владата за реализација на кампањата склучила три договори со маркетинг агенции, кои утрово беа објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки. Маркетинг агенциите се задолжени во рок од шест месеци да изработат лого, идејно решение, идеји за реклами кои ќе се имитуваат на радијата и телевизиите, да осмислат плакати за на билборди, а и да закупат медиумски простор за реклама.

- Advertisements -

Тендерите ги добија маркетинг агенциите „Маркет Висион“, во вредност од 125.552 евра, „Омега комуникејшн“, во вредност од 236.000 евра и агенцијата „Аквариус дизајн“, која од колачот ќе добие 106.545 евра.

Во текот на изминатите години Владата потроши десетици милиони евра за слични медиумски кампањи со кои го „учеше“ граѓаните како да се хранат, како да бидат добри домаќини, да читаат книги, да градат соживот, итн.

 

Поврзани новости