Груевски: Во следниот период ќе излезам со поконкретни коментари

by Фокус

Премиерот Никола Груевски денеска се огласи за „бомбите“ кои во два наврати досега ги „испука“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев, односно го даде својот коментар за аферата со прислушувањето.

-Имав прес-конференција на која што најавив дека следува период во кој што ќе има ваков вид на работи, затоа што претходно имав неколку средби, односно четири, со Зоран Заев на кои што тој ме информираше дека во соработка со странски разузнавачки служби дошол до материјали кои што има намера да ги објавува доколку не му овозможиме формирање на теничка Влада, нешто што јас не го прифатив како услов, односно го одбив и го замолив се што има и што сака да објави слободно да го објави, изјави премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од Заев.

Груевски истакна дека засега не би коментирал нешто повеќе и најави дека во следниот период ќе излезе со поконкретни коментари.

Заев, пак, веќе изјави дека материјалите не ги добил од странски служби, туку дека прислушувањата се вршени од домашните служби.

 

Поврзани новости