СДСМ: Зврлевски потврди дека е партиски, а не јавен обвинител

by Фокус 15:48
15:48

Молкот на владините функционери, чии што прислушувани разговори беа објавени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, говорел дека прислушувањето било вршено по налог на премиерот Никола Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков, тврдат од СДСМ.

-Никола Груевски потврди дека прислушувал во Македонија, заедно со неговиот братучед, директорот на УБК, Сашо Мијалков. Груевски потврди дека тој и неговите најблиски соработници направиле упад во правосудството: местеле обвинителско – судски одлуки, избирале и разрешувале судии по партиска подобност. Тоа го говори бегството на Никола Груевски од коментар на скандалозните содржини на прислушуваните разговори. Тоа го потврдува и молкот на неговите најблиски соработници, диригентите во судството, Мијалков, Ставрески, Јанкулоска, изјави на денешната прес- конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

- Advertising -

Тој оцени и дека денешната изјава на обвинителот Марко Зврлевски била партиска.

-Меѓу нив, запрепастувачки е и Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, кој е платен од граѓаните на Македонија да ги штити нивните интереси. Зврлевски наместо да покрене постапка за скандалозното прислушување и упадот на извршната во судската власт, денеска со неговата изјава само потврди дека е партиски, а не јавен обвинител на Република Македонија, изјави Шилегов.

 

Поврзани новости