Битолските студенти утре ќе го окупираат Техничкиот факултет

by Фокус 14:46
14:46

Студентскиот пленум при универзитетот „Свети Климент Охридски“ (УКЛО) најави дека утре ќе го окупира Техничкиот факултет во Битола и ќе прогласи Автономна зона во него.

Студентите се подготвуваат за окупацијата за која велат дека ќе трае до исполнување на нивните барања – повлекување, односно укинување на измените и дополнувања на Законот за високо образование од 22 јануари 2015 година, како и потпишување Меморандум за гаранција за рамноправно учество на студентите, не на Студентскиот Парламент, за сите закони што ќе се носат во иднина, а посредно или непосредно ќе го тангираат високото образование.

- Advertisements -

– Чувствуваме обврска, да ги ослободиме универзитетите – вистински и да прогласиме автономна зона! Владата окупира, ние ослободуваме! – порачуваат велат битолските студенти.

Одлуката за окупација на битолскиот универзитет беше донесена минатата седмица.

Во Скопје Автономна зона има на три локации – во зградата на Филозофски/Филолошки факултет, во зградата на ФЕИТ/Машински факултет, и на Правниот факултет.

Поврзани новости