345
Влада може да состави само народот и не може никој да прави планови и проекции да влезе во владата без да добие поддршка од граѓаните на избори, порача премиерот Никола Груевски во пресрет на новата лидерска средба во вторник, на која ќе присуствува и еврокомесарот Јоханес Хан.
– Се подготвуваме со различни идеи за разговорите со комесарот Хан за да бидеме максимално конструктивни и да придонесеме во разрешувањето на политичката криза и неговото доаѓање да заврши со успех. Тоа не зависи само од нас бидејќи има и друга страна во разговорите – рече Груевски.
Тој денеска најави дека од јуни ќе се зголеми висината на надоместокот за социјална помош за 10 отсто, иако првично биле ветени 5 отсто, како и на други надоместоци од социјалната сфера.