ФСП: Груевски и Заев да ги надминат личните суети и краткорочните интереси

by Фокус

Релевантните партии и другите помали партии и здруженија треба да формираат заедничка политичко-експертска влада на национално единство која ќе ги стабилизира институциите и политичкиот дијалог во живот, максимално ќе ја забрза евроатланската интеграција и ќе создаде неопходни подготовки за одржување и спороведување на парламентарни избори, побараа од Форумот на слободоумни патриоти.

„Груевски и Заев треба да ги надминат личните суети и краткорочните партиски интереси и да застанат зад општоприфатливи излезни решенија, особено поради опасноста политичката криза да се прелее и да не доведе и до потешка економско-социјална криза“, стои во соопштението на Форумот, составен главно од членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги повикаа и членовите и на другите десни партии да застанат зад нивната платформа.

Поврзани новости