Протестен марш против екстреното тестирање

by Фокус

Во организација на Наставничкиот пленум, денеска со почеток во 16 часот, ќе се оддржи протестен марш против екстерното тестирање, кој ќе добие поддршка и од Средношколскиот пленум.

 

„Сите средношколци да дојдат и да се приклучат на протестниот марш за уште еднаш да го искажеме нашиот револт од екстерното тестирање и од сите други лоши реформи кои се воведени во образовниот процес во последните неколку години“, стои во соопштението на Средношколскиот пленум.

Собирно место за маршот ќе биде катната гаража „Македонска фаланга“, кај поранешниот Цветен пазар во Скопје.

Поврзани новости