Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски смета дека СДСМ со најавата дека ќе ја укине радиодифузната такса сака да го партизира јавниот сервис Македонска радио телевизија. Поранешниот премиер вели дека укинувањето на радиодифузната такса нема да и реши економските проблеми на граѓаните.
-Економските проблеми на граѓаните се решаваат со нови инвеститори кои отвораат нови работни места и го стеснуваат бројот на невработени, а со тоа ги принудуваат работодавачите да ги зголемат платите и тоа да се зголеми животниот стандард. Тоа е основната работа за подобрување за стандардот на граѓаните, а не да им се укине или не радиодифузната такса, што ќе се направи така што ќе се плаќа од буџетот, а од него ќе се скратат средства за некои други значајни инвестиции, изјави Груевски.
Груевски додава дека ако СДСМ сака МРТ да биде независна, треба да ја остави на слободниот пазар и таа да се финансира од реклами и од радиодифузна такса.
Токму во времето на владата на Никола Груевски, МРТ стана владино гласило, но и партиско гласило.