492
Преговарачот за спроведување на договорот од Пржино да не ја влoшува ситуацијата, туку да работи на подобрување на атмосферата во прегорачакиот процес, бидејќи за тоа е платен, изјави премиерот Никола Груевски откако неговата ВМРО-ДПМНЕ ги напушти преговорите за регулирање на медиумската сфера.
– ВМРО-ДМНЕ сака да остане во партиските преговори за медиуми, тоа најдобро го знае преговарачот. За нас е прифатливо какво било решение за медиумите кое е содржано во европските закони. Но, не прифаќаме хибридни решенија – порача Груевски.