Штрајк на судските службеници

by Фокус 14:24
14:24

Судските службеници од сите судови во Македонија утре ќе излезат на предупредувачки штрајк. Како што информираат од Синдикатот на работниците од правата, правосудните органи и здруженија на граѓани и од Здружението на судската администрација, судските службеници излегуваат на штрајк откако без ефект останале нивните барања до Министерството за правда да се измени Законот за судска служба. Овој предупредувачки трајк ќе трае два часа.

– Ние како синдикат, социјален партнер при донесувањето на овој закон, воопшто не бевме информирани, ниту учествувавме во работните групи за подготовка на овој закон. Од моментот на неговото донесување поднесуваме забалешки, организиравме работни средби со Министерството за правда, организиравме и протестен штрајк на 1 мај кој се однесуваше на законот за судска служба. Но нашите предупредувања не беа земени предвид и овој закон останува каков што беше кога се донесе. Незадоволството кај судските службеници е навистина големо и немавме друг избор освен да го организираме овој предупредувачки штрајк заедно со Здружението на судска администрација – вели Трпе Дејановски, генерален секретар на УПОЗ.

- Advertisements -

Според Синдикатот овој закон е неповолен за вработените, предвидени се големи казни, бил донесен нетранспарентно во многу кус период и е полн со технички грешки и недоречености.

Поврзани новости