Груевски в петок на обвинителска клупа

by fokus

Обвинетите за нарачаните насилства во општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиески, во петок треба првпат да седнат на обвинителна клупа. Се работи за случајот со нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски, отворен од Специјалното јавно обвинителство.

Судијка останува Татјана Михајлова, која овој месец беше назначена за в.д претседател на Основниот суд, откако му заврши мандатот на Владимир Панчевски. Првото рочиште не се одржа, бидејќи Михајлова го одложи за по изборите.

Инаку, СЈО на 15 септември поднесе обвинителен предлог против Груевски, Јанакиески и уште три лица како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.

Според СЈО првообвинетиот Груевски побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.

Поврзани новости