Само Ахмети не отишол на средбата со Рама

by fokus

Лидерите на албанските партии вчера заминаа на средби со Албанскиот премиер Еди Рама. Досега, средба оствариле лидерите на БЕСА и коалицијата Алијанса за Албанците, но не откриваат детали за што разговарале со Рама, бидејќи состаноците биле како неофицијални и иницирани од албанскиот премиер.

Единствено на средба не заминал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а како причина, од партијата ја посочија набиената агенда.

Албанските медиуми јавија дека до сега се одржани средби со лидерот на Беса, Билал Касами, со Зијадин Села од Алијансата на Албанците, а се очекува средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Рама нагласи дека на средбите е разговарано за состојбата после изборниот процес во Македонија, а најверојатно тој се обидува да им помогне да се договорат за формирањето на новата влада.

Според албанските медиуми Рама им рекол на лидерите на Беса и Алијансата на Албанците дека е потребно да направат заедничка стратегија и заедно да настапат во постизборниот процес во Македонија.

Поврзани новости