Судијата Џолев утре ќе сведочи против Панчевски

by fokus

Судијата кој поднесе кривична пријава против доскорешниот претседател на Основниот суд, Владимир Панчевски, за притисок врз носењето одлуки во судот, утре ќе сведочи пред Советот за утврдување на факти, јави Макфакс.

Кривичната пријава за Панчевски беше отфрлена од јавното обвинителство, но како што пишува порталот, постои голема веројатност Џолев пред Советот да изнесе и други информации кои се однесуваат на работењето на Панчевски. Со тоа, би можело тој повторно да биде дискредитиран и да мора да се откаже од трката за претседателското место во Судот, во која противкандидат му е токму Џолев.

Судскиот совет ќе ги чека заклучоците од Советот, но тој е спречен мериторно да одлучува, поради тоа што уште течат роковите за жалба, откако минатата седмица Судскиот совет на седницата му ја поправи слабата оценка на Владимир Панчевски, а му беа додадени и нови бодови. На истата седница Судскиот совет му го намали бодовното салдо на Иван Џолев, но тој најави дека ќе поднесе жалба.

Поврзани новости