За денеска точно на пладне е закажана седница на собраниската анкетна комисија за скандалот со прислушувањето, на која треба да сведочи премиерот Никола Груевски, откако претходно истото треба да го стори и довчерашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Инаку, Груевски беше повикан да сведочи на минатата недела, но поради посетата на Израел ја одби поканата и самиот си закажа термин за денеска, исто како и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски, кој ја одби покана да се појави на комисијата и најави дека ќе присуствува на 17 декември.
Поранешните високи државни функционери, Сашо Мијалков и Миле Јанакиески, како и шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер, ниту се појавија пред пратениците ниту ги известија кога може тоа да го сторат.
Останува неизвесно дали овие седници на кои ќе сведочат високи актуелни и поранешни државни функционери на чувствителна тема ќе бидат отворени или затвори, со оглед дека ВМРО-ДПМНЕ бара тие да се бидат затворени, додека СДСМ инсистира да бидат отворени за јавноста.