Студенти го блокираа Ректоратот на УКИМ

by Фокус

Студентите од Студентскиот пленум и Младинската организација Мугра утрово го блокираа влезот на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, во знак на револт поради сечењето на дрвата со цел изградба на две згради за факултетите ФИНКИ и за физичка култура.

Студентите, кои се незадоволни што не се консултирани за изградба на факултетските згради, денеска побараа одговорност и оставка од ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, поради, како што велат, недостиг на капацитет да застане во одбрана на универзитетската автономија и интересите на акдадемската заедница.

Воедно, студентите ги повикаа деканите од Правниот, Економскиот, Филозофскиот, Филолошкиот и Архитектонскиот факултет да излезат со став за ситуацијата, како и да се оддржи вонредна јавна седница на Сенатот при УКИМ.

Од Ректоратот вчера излегоа со став дека изградбата на новите објекти на ја загрозува автономијата на Универзитетот.

Поврзани новости