452
Експремиерот Никола Груевски по одложувањето на денешното рочиште за случајот Титаник во изјава за медиумите повторно потенцираше дека судењата против него се со цел за да ги стават во сенка преговорите за името.
„Денеска на медиумите прва вест е судењето за Титаник, а дури по неа е веста за преговорите за името. Додека денеска течеше судското рочиште во Охрид се одржуваат преговори за името, а на претходното рочиште за случајот Титаник во исто време се одржуваа преговори за името во Виена. Па, сега вие заклучете што е намерата – рече Груевски.