446
Поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со куса честитка објавена на својата Фејсбук страница им ја честиташе Новата година на граѓаните.
-Среќна нова 2018-та година.
Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, хармонија и семејна радост. Година на среќа, бериќет и исполнување на вашите планови на личен и професионален план. Заеднички силно и обединето да се справуваме со предизвиците со кои се соочува нашата земја, кои не се едноставни, ниту мали, а кои го засегаат секој еден граѓанин.
Македонија мора да победи. Да сте живи и здрави, напиша Груевски.