Царовска новата година ќе ја дочека со децата од социјалните центри во Скопје

by fokus

Министерството за труд и социјална политика извести дека министерката Мила Царовска за Нова година ќе биде во социјалните центри во Скопје.

Прво ќе го посети Домот за деца без родители „11 Октомври“, каде од 20:30 до 21:30 часот ќе подели симболични поклони и ќе ја проследи новогодишната претстава подготвена од децата.

Од 22:00 до 23:00 часот, министерката ќе го посети ЈУ за згрижување на деца „Дом 25 Мај“, а од 23.30 па се до 30 минути по полноќ ќе биде во заводот за згрижување, воспитување и образование на деца „Ранка Миловановиќ“, каде ќе се организира лотарија со мали изненадувања за децата.

 

Поврзани новости