Груевски: СЈО призна дека „бомбите“ може да се монитираат

by Fokus

Екс премиерот Никола Груевски денеска обвини дека самото СЈО признало дека прислушуваните разговори, или таканаречените бомби, кои тие ги користат како доказ во сите предмети можеле да се менуваат или монтираат.

На денешното рочиште за случајот „Траекторија“ каде што се предложени 315 „бомби“ како докази, обвинителката Лиле Стефанова рече дека обвинетите досега не ги добиле овие материјали поради страв од нивна злоупотреба, односно како што рече, од нивно размножување или менување.

По завршувањето на рочиштето, Груевски истакна дека бил фрапиран од ваквото признание на обвинителката, што според него докажува дека веќе е можно овие материјали и веќе да биле монтирани.

„Имаше еден фрапантен момент, односно самата обвинителка кажа дека постои можност снимките да се менуваат, односно во нив да се уфрлаат делови. Тие не можат да бидат доказ, ова убаво го знаат и апелациските судови, но под притисок на власта донесоа одлука истите да се користат како докази. Познато е дека СЈО овие снимки ги доби од Зоран Заев, па затоа многу е веројатно истите и претходно да биле монтирани. Сето ова е еден политички прогон – заклучи Груевски.

В.В.

Поврзани новости