Груевски се пожали на селективна правда

by Fokus

Откако денеска екс премиерот Никола Груевски се појави во Кривичниот суд каде што требаше да му се суди како обвинет во два предмети на СЈО, тој по одложувањето на рочиштата се пожали на селективна правда.

Реагираше дека за него и за останатите обвинети во случаите на СЈО  се закажувале дури по две рочишта на ден, а додека за обвинетиот премиер Зоран Заев, рочиштето за случајот „Поткуп“ се одложува со месеци.

„Очигледно дека станува збор за селективна правда бидејќи за нас има по две рочишта на ден и тоа се со цел по цел ден да не држат во судница и со тенденција што е можно побрзо да не осудат, а рочиштата на Заев се одлагаат до бескрај – истакна Груевски.

В.В.

 

Поврзани новости