СМС порака открива дека упадот на “27 април” бил планиран: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс!

by fokus

На денешното рочиште за случајот “27 април” се презентираат смс и вибер пораки на сведокот Сашко Коцевски, кој е вработен  во Собранието.

Обвинителствто почна со презентација на пораки на сведокот од 12 март 2017 година. Извесна Весна Герговска му пишува порака на Коцевски “Јавете се по список и на пасивни и на активни за да утре излезат!

Во наредните денови исто така Герговска го известува за протестите на Заедничка Македонија, информирајќи го дека протестантите ќе можат да се возат бесплатно со автобусите на ЈСП.

“Во автобусите на ЈСП за време на протестот од 16 до 19 часот нема да има контрола, па можете да се возите без билет. И градскиот паркинг тоа време нема да има контрола ниту пајаци, па може да се паркирате”, му пишува Герговска.

Таа му испраќа порака на сведокот со која го информира да се обезбеди поголема посветеност на протестите, па вели да излезат сите вработени во градинките, училиштата и целата државна администрација, а секој кандидат за советник треба да донесе плус десет протестанти.

“Поради ситуацијата, потребни ни се луѓе кои ќе бидат мобилни 24/7”, му пишува Герговска на Каоцевски, на почетокот на април.

Герговска речиси секојдневно му испраќала пораки на Коцевски со слична содржина. Критичниот ден, на 27 април, во 13 часот, ми пишува дека продолжуваат со протестите.

“Да бидеме на готовс, во 14 часот Заев имал прес конференција. Ве молам лицата за интервентни ситуации и сите други да бидат на готовс, во секој момент можеме да дадеме насоки. Ве молам за сериозност”, му пишала Герговска.

Во 19.05 часот, Герговска пишува:”Сите членови да доаѓаат пред Собрание сега е моментот. Доаѓајте сите”!

 

Поврзани новости