492
Поранешниот премиер и обвинет во повеќе случаи, Никола Груевски денеска изјави дека оваа и нареднат недела е секој ден на судење и дека тоа му се прави за да биде спречен да биде политички активен во Собранието.
-Me држат цели денови, не можам да бидам присутен во парламентот, рече Груевски.
Тој реагираше и дека Судскиот совет денеска постапил сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд.