Јанакиески не се сеќава на СМС пораките што на 27 април си ги испраќал со обвинетите пратеници

by fokus 18:47
18:47

Миле Јанакиески на крвавиот четврток контактирал со обвинети пратеници поради што е повикан во обвинителството за организиран криминал и корупција. Поранешниот министер за транспорт денеска ја ја дал својата изјава, потврдија за Телма, извори од истрагата.

Со вешташењето во истрагата е утврдено дека обвинети пратеници дента и вечерта на 27-ми април имале и телефонска и СМС комуникација со Миле Јанакиески, а денеска бил распрашуван за содржината и значењето на таа комуникација. Главно не се сеќавал на пораките бидејќи таа комуникицаји се одвивала пред речиси една година.

Од друга страна поранешниот премиер Груевски денеска тврди дека не е точно дека неговиот телохранител во СОЗР вратил оштетен и скршен телефон по враќањето од Виена. Телефонскиот број е наведен и во обвинението, како прв повик до Александар Василевски – Нинџа по што според актот почнало сценариото за упадот во Собранието.

Поврзани новости