Груевски се потсмеваше со СДСМ дека ветувале воздух, сега тој вети вложувања за почист воздух

by fokus

Откако минатата недела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се потсмеваше со ветувањата на СДСМ за чист воздух, велејќи дека воздухот е од Господ, а не го носи СДСМ, денеска и тој вети вложувања за почист воздух.

-Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом. Нова ера на 2,5 пати повисок приход по жител – односно од пет на 12 илјади долари. Тоа значи 2,5 пати побогати граѓани, но и 2,5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера на големи вложувања во екологијата и животната средина за почист воздух и вода, вети Груевски од Валандово.

Уште еднаш го повтори ветувањето дека во „новата ера“ секоја општина во државата, вклучително и Валандово учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен оброк во секоја општина каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат мнозинство.

Поврзани новости