Ахмети: За големи работи треба големи државници и не се сомневам дека ова реформска влада ќе успее во тоа

by fokus

На вечерашниот митинг на ДУИ во Чаир, партискиот лидер Али Ахмети повтори дека партнерство со СДСМ се состои во помагање еден на друг во тие општини каде што едната партија нема можности за победа.

Тој позитивно ја оцени досегашната работа на Владата и ги спомена Договорот за добрососедство со Бугарија и одлучноста за градење добри односи и со Грција.

-Тоа, заедно со воспоставувањето правната држава, како и продлабочување на реформите, се предуслови за интеграција во НАТО и ЕУ. За големи работи треба големи државници и не се сомневам дека ова реформска влада ќе успее во тоа, рече Ахмети.

Поврзани новости