337
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пристигна на денешното судско рочиште за случајот поврзан со нарачаните шамари врз градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Во Кривичниот суд пристигнаа и обвинителите од СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Таму е и актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, а пристигнаа и десетина вработени во Општината кои најверојатно ќе бидат сведоци.