720
Словенечкиот новинар Лука Светина на Твитер објави дека снимил интервју со Никола Груевски кое ќе се емитува на словенечката телевизија НОВА 24. Тој пренесува дека Груевски бил радосен што Катица Јанева си поднела оставка, но и за поранешниот премиер, а сега азилант, вели дека СДСМ води политички прогон.
-Интервју со Никола Груевски, некогашен македонски премиер, против кого социјалдемократите водат политички прогон. Го посетивме во Будимпешта, каде што тој со радост ја прими веста дека поради наводна корупција специјалната обвинителка Катица Јанева, која го гони, си дала оставка, пишува Светина на Твитер.