Груевски: СДСМ го смени ставот за Законот за помилување

by Фокус

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за помилување останува ист како и во 2009 година кога поднесовме измена на законот со која што побаравме укинување на одредени можности на претседателот поврзани со помилувања на одредени категории на лица, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Коментирајќи ги најавите на опозицијата дека ќе се приклучи на утрешниот протест пред Уставниот суд, Груевски рече дека СДСМ е тој кој има променлив став околу Законот за помилување.

– Тогаш СДСМ беше против и жестоко се спротивстави во Парламентот. Денес, ВМРО-ДПМНЕ го има истиот став како во 2009 година, меѓутоа се промени ставот на СДСМ. Оние кои во минатото жестоко го бранеа останувањето на можноста за помилување на тие категории лица, денес бараат тоа да не се врати, што значи дека во нивниот став има некоја причина и манипулација. Зошто инаку толку често за една иста работа би го менувале ставот – истакна Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за гинекологија.

Поврзани новости