Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Премиерот Никола Груевски доби нов четиригодишен мандат да ја предводи владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Од вкупно 560 делегати, за избор на претседател гласеле 529. Од нив дури 528 гласале „за“, а едно ливче било неважечко. Резултатите од гласањето ги соопшти претседателот на Комисијата за спроведување на избор за претседател на партијата, Илија Димовски.

Ова за Груевски е четврти мандат по ред, со што добива шанса да биде на чело на партијата 16 години. Првпат, за лидер на ВМРО-ДПМНЕ беше изгласан во 2003 година на партискиот конгрес во Охрид.

Поврзани новости