Откако странските амбасадори го искритикуваат Груевски и ВМРО ДПМНЕ дека е неопходно да се заложат за да се спроведе договорот од Пржино, а со тоа државата да се врати на нормален колосек, тој им одговори преку Твитер. Напиша дека народот е тој кој одлучува за иднината.
Реакцијата на Груевски следува откако поголем број амбасадори, предводени од амриканскиот, британскиот и на други значајни држави јасно укажаа дека кочница во преговорите е партијата на власт. Со ваквата порака Груевки како да ја закопува секоја надеж за позитивен исход од преговорите.
Ако Груевски мисли само на изборите во април без да се спроведе договореното тогаш на избори ќе оди сам. Неверојатно е дека опозицијата ќе игра според неговите правила и ќе се појави на избори без да се исполнат обврските од договорот од Пржино.