Груевски потпиша коалиција со 17 партии и најави победа на локалните избори

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска со коалиционите партнери потпиша декларација за соработка на локалните избори.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сега брои 17 партии, што е за четири помалку од предвремените парламентарни избори.

-Денес одлучно застануваме заеднички, за на граѓаните заеднички да им ја понудиме најдобрата кадровска и програмска понуда. Она што не обединува Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати е потребата за напредок. Тој напредок ќе го понудиме, тоа е желба за подобар живот. Оваа декларација за коалициски настап е вовед во нова победа на претстојните избори во Македониј, рече Груевски.

Поврзани новости