Заев го „изеде“ рејтингот на Груевски: Премиерот води со 6,5 отсто

by fokus

Најновата анкета на телевизија Телма покажува дека рејтингот на Никола Груевски е во вртоглав пад, додека рејтингот на премиерот Зоран Заев е во пораст.

Според анкетата, Заев има доверба кај 26,2 отсто од граѓаните, додека во Груевски веруваат 19,7 отсто.

Кај лидерите од албанскиот блок повторно води Али Ахмети со 6 отсто, додека Зијадин Села има рејтинг од 3,4 отсто.

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов има рејтинг од 9,4 отсто.

Анкетата ја спороведе телевизија Телма во соработка со МЦМС и М Проспект во период од 4 до 11 септември.

 

Поврзани новости