Екс кошаркарот Дејан Јовановски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Центар

by fokus

Поранешниот кошаркар и репрезентативец на Македонија, Дејан Јовановски, ќе биде кандидат за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, потврдија за Фокус извори од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ во текот на денешниот ден објави свои кандидати за повеќе од 40 општини.

Денеска на полноќ е крајниот рок кога сите листи за локалните избори треба да бидат поднесени до ДИК.

Поврзани новости