Груевски: Поради партијата го запоставив семејството и децата

by fokus

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот партиски конгрес во Валандово истакна дека толку се посветил на партијата, поради што го запоставил дури и своето семејство. Па токму затоа, како што рече, тешко му паѓало кога гледал како се однесувале неколи блиски соработници.

-Јас сум водач на партијата цели 14 и пол години, во кои имавме 10 изборни победи по ред и еден пораз под околности кои беа далеку од регуларни. Во овие години на успеси и напредок, се вложив целиот и сето мое време, сила и енергија, за партијата и за државата, откажувајки се од слободното време и од многу животни попријатни можности, запоставувајки го семејството и моите деца, изложувајки се енормно на многу стресови, клевети, навреди, омаловажувања и непријатности, но останав цврст и стабилен и при најтешките удари, и тешко ми паѓа кога преку ноќ ќе видам вакво однесување на мои блиски соработници во ситуација кога, како и сите ние се наоѓаат под притисок, рече Груески од Валандово.

Поврзани новости