Јакимовски: Сакам да му заблагодарам на Груевски, нема кој не се офајдил од неговата власт

by fokus

На власт сега дојде режим кој е подготвен да продаде се само за да владее, рече Стевчо Јакимовски од ГРОМ на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, кој додаде дека гревот што се ставал на раководството на ВМРО-ДПМНЕ било тоа што си сакале земјата и народот.

– Сакам да му се заблагодарам на досегашниот претседател Никола Груевски, „криво седи право суди“. Тој покажа нов начин на менаџирање на владата, ние бевме сведоци дека е секојдневно на средби со граѓаните, дека отвора секој ден нови објекти, нема граѓанин кој не се офајди од оваа власт – дали се тоа пензионерите, администрацијата, 300-400 илјади луѓе кои ги легализираа домовите по едно евро. Скопје е поубаво од било кога. Лавот е најсилно суштество, но кога ќе му се соберат десетина хиени, ја напушта битката. Но хиените секогаш ќе бидат лешинари. Ние сме длабоко убедени дека и Груевски и соработниците ќе ја тргнат анатемата и во фер постапка ќе ја докажат својата невиност. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и сега дава придонес со овој потег за развојот на Македонија, рече Јакимовски од Валандово.

Поврзани новости