395
Коалицијата за подобра Македонија, на чело со ВМРО ДПМНЕ денеска едногласно одлучи дека тие се подготвени за избори на 24. април, соопшти премиерот Никола Груевски.
Според него, четирите најголеми политички партии – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, заедно ставиле потпис на Договорот од Пржино кој предвидува избори токму на овој датум.
Инаку, за денеска во 17 часот е закажана седница на Собранието на којашто најверојатно ќе биде прифатена веќе депонираната оставка на Груевски и ќе отпочне одбројувањето за избори.