Груевски побара од ОН да не стои настрана од проблемот со името

by Фокус 17:56
17:56

Македонскиот премиер Никола Груевски во денешното свое обраќање во Обединетите нации се осврна на проблемот со името меѓу Македонија и Грција и им забележа на Обединетите нации дека стојат настрана од процесот на решавањето на овој спор, кој, како што рече премиерот, силно ги попречува македонските евроатлантски интеграции и го намалува капацитетот на земјата да одговори на актуелните предизвици, како бегалците и заканите од ИСИС.

– Затворањето на отворените прашања врз база на принципите на ОН, и тоа што побрзо, треба да биде стратешки приоритет на светската организација, а меѓународното право, пред се’ одлуката на Хашкиот суд за спорот за името да се почитува од сите, а ОН самите да гарантираат на нејзиното спроведување, рече Груевски.

- Advertisements -

Доколку тоа не се случи, премиерот заклучи дека ќе опаѓа довербата во светската организација, па за да не дојде до тоа, препорача  таа да преземе сериозен ангажман за да се мотивира Грција да пристапи кон решавање на проблемот. Како основа за решавањето на спорот, Груевски ги посочи резолуциите на ОН, меѓународното право и Привремената спогодба, која, како што рече, место да доведе до решавање на спорот, придонесе за негово пролонгирање.

 

Поврзани новости